Обраќање на претседателот Џафери на Балкански фор...

Среда, 28 октомври 2020, Тирана, Република Албанија

Обраќање на претседателот Џафери на Балкански форум против антисемитизмот 2020

Дами и господа, присутни на виртуелен начин на оваа специјална конференција за Балканот, а со фокус на борбата против семитизмот, драго ми е што можам на овој начин да ве поздравам и да ви посакам пред сѐ на сите да бидете со добро здравје во ова време на глобална закана по здравјето на секој човек.

Човекот, со сите свои доблести и мани е најсовршеното битие кое знае, може и во поголемиот дел од времето го користи разумно тоа со што е благословен во животот. Меѓутоа, има мигови, за жал понекогаш и подолготрајни периоди кога здравиот разум останува нем сведок на нечовечноста, кога надвладува нехуманото постапување со други живи суштества.

Прочитај повеќе

Обраќање на претседателот Џафери на Е-конференциј...

Среда, 28 октомври 2020

Обраќање на претседателот Џафери на Е-конференција за Отворен парламент - Акциски план за Партнерство за отворена власт 2021 - 2023

Дозволете во мое име и од име на пратениците на Собранието на Република Северна Македонија да ви посакам добредојде на виртуелната конференција за Отворен Парламент, Акциски план за Партнерство за отворена власт 2021-2023. Како што ви е познато, оваа е-конференција се организира во рамките на Глобалната недела на отвореност на законодавството #GLOW2020 организирана од Е-мрежата за Отворен парламент и мене ми е драго што Собранието е дел од оваа Недела и оваа мрежа.
Прочитај повеќе

Обраќање на претседателот Џафери на Свечената ака...

Среда, 26 август 2020 година

Обраќање на претседателот Џафери на Свечената академија по повод 110-годишнината од раѓањето на Мајка Тереза

Имам чест во мое лично име и од име на пратениците во Собранието на Република Северна Македонија, денес, кога ја одбележуваме 110-годишнината од раѓањето на Мајка Тереза, симболот на бескрајната хуманост, симболот на љубовта кон човекот, на грижата и сочувството кон болните, кон сиромашните и не толку среќните во животот, тука, пред оваа спомен плоча која ги симболизира темелите на родната куќа на оваа светски почитувана Албанка, да го изразам и споделам со сите вас тука присутни, чувството на искрена гордост што сум дел од овој собир.
Прочитај повеќе
1...345      
Click