Обраќање на претседателот Џафери на Обуката за ко...

Четврток, 28 Јануари 2021

Обраќање на претседателот Џафери на Обуката за комуникација со граѓани

Дозволете накратко, во мое лично име и во име на моите колеги пратеници присутни на оваа Обука за комуникација со граѓани да изразам задоволство и во исто време и благодарност до амбасадорот Клеменс Која и Мисијата на ОБСЕ во Република Северна Македонија, за овозможување на оваа обука која поради добро познати причини се одвива преку ЗУМ платформа, што секако не ја намалува важноста и потребата од истата.
Прочитај повеќе

Обраќање на претседателот Џафери на Конститутивна...

Среда, 30 декември 2020

Обраќање на претседателот Џафери на Конститутивната седница на Клубот на пратенички

Дозволете во мое лично име и од име на пратениците во Собранието на Република Северна Македонија, да изразам задоволство што денес можам да го поздравам конституирањето на новиот состав на Клубот на пратенички во рамките на законодавниот дом, кое е неформално консултативно тело за унапредување на правата и положбата на жените и во чиј состав влегуваат пратеничките од актуелните состави. Ви посакувам да имате навистина успешен мандат, кој што ќе ве прави Вас почитувани колешки, меѓутоа и сите нас горди и исполнети.
Прочитај повеќе

Обраќањe на претседателот Џафери по повод 21 Деке...

Понеделник, 21 декември 2020 година

Обраќањe на претседателот Џафери по повод 21 Декември - Денот на турската настава

Имам чест и задоволство што во мое име и од име на пратениците во Собранието на Република Северна Македонија, имам можност да го поздравам високопочитуваниот претседател на Големото национално собрание на Република Турција, мојот пријател г. Мустафа Шентоп и почитуваните членови на Делегацијата, и дозволете да ја искористам оваа прилика и Вам драг колега, на сите присутни во салава, меѓутоа и на сите наши сограѓани, припадници на турската заедница, да ви го честитам 21 Декември, Денот на наставата на турски јазик во Република Северна Македонија, кој што е во чест на нашите сограѓани Турци во земјава, меѓутоа со сета почит и внимание и за Република Турција која е наш традиционален, долгогодишен и искрен пријател.
Прочитај повеќе

Обраќање на претседателот Џафери на Свечената ака...

Четврток, 17 декември 2020, Амфитеатар на Ректорат, Тетово

Обраќање на претседателот Џафери на Свечената академија по повод oдбележувањето на 26-годишнината од основањето на Универзитетот во Тетово

Дозволете ми на почетокот на мојот говор да ве поздравам од мое лично име и од име на пратениците во Собранието на Република Северна Македонија сита Вас, присутни на оваа Свечена академија со која се одбележува годишнината од основањето на Државниот универзитет во Тетово, храмот на ширењето на науката сега веќе полни 26 години по ред и да ви посакам прославување на уште многу идни јубилеи. 
Прочитај повеќе

Видео-обраќање на претседателот Џафери...

Среда, 16 декември 2020

Видео-обраќање на претседателот Џафери на одбележување на 100-годишнината од првиот академски час на Филозофскиот факултет во Скопје

Дозволете денес, преку ова мое видео обраќање, да изразам честитки во мое лично име и од име на пратениците во Собранието на Република Северна Македонија, за 100-годишнината од основањето на Филозофскиот факултет во Скопје, кој што во далечната 1920 година, со кралски указ, ја започна својата наставно-научна дејност и со тоа го заслужи пиететот - најстара високо-образовна институција во државата. 
Прочитај повеќе

Обраќање на претседателот Џафери на конститутивна...

Петок, 4 декември 2020

Обраќање на претседателот Џафери на конститутивната седница на Клубот за младински прашања и политики

Драго ми е што денес, два месеци по Работната средба за пратеници, која всушност беше вовед во улогата и функцијата на Клубот за младински прашања и политики, Вие, мои драги млади колеги, се разбира со безрезервната помош на нашите драги пријатели од Весминстерската Фондација за Демократија и Националниот Демократски Институт, денес ја одржувате конститутивната седница на Клубот на новиот парламентарен состав.
Прочитај повеќе

Поздравно обраќање на претседателот Џафери по пов...

Сабота, 21 ноември 2020 година, Хотел „Уранику“ - Дебар

Поздравно обраќање на претседателот Џафери на Свечената академија по повод 111-годишнината од Дебарскиот конгрес 

Дозволете да го споделам задоволството што денес сум тука помеѓу вас, на одбележувањето на 111-годишнината од Дебарскиот конгрес, конгресот на будењето на националната свест на Албанците за независност каде силата на националното чувство, со сета волја, визија, моќ и храброст на албанските делегати од сите вилаети, успеа да ги стави на маса за дискусија интересите, потребите и правата на Албанците и по шестдневна работа, покрај усвојувањето на мерките кои беа во однос на вкупниот економски и културен развој на вилаетите на Европска Турција, се опфатија и посебни мерки кои беа во однос на Албанците а кои беа поднесени од претставниците на оваа национална албанска струја.
Прочитај повеќе

Поздравно обраќање на претседателот Џафери по пов...

Сабота, 21 ноември 2020 година, Институт за духовно и културно наследство на Албанците

Поздравно обраќање на претседателот Џафери на Научната академија по повод Научно-културната манифестација „Деновите на Азбуката - II“

Имам чест во мое лично име и од име на пратениците во Собранието на Република Северна Македонија да изразам моја искрена почит и честитки по повод 22 Ноември, 112-годишнината од Битолскиот конгрес каде и се унифицираше албанската азбука и што се одбележува како признаен национален празник на Албанците во Северна Македонија. 
Прочитај повеќе

Поздравно обраќање на претседателот Џафери на обу...

Вторник, 17 ноември 2020

Поздравно обраќање на претседателот Џафери на обуката за Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот 

На самиот почеток, сакам да ја поздравам оваа иницијатива на Меѓународниот републикански институт и на Партнерството за демократија на американскиот конгрес и да потврдам дека таа доаѓа во најсоодветниот момент за Собранието на Република Северна Македонија. 
Прочитај повеќе

Обраќање на претседателот Џафери на Работната сре...

Четврток, 29 октомври 2020, Холидеј Ин

Обраќање на претседателот Џафери на Работната средба за пратеници: Вовед во улога и функција на Клуб за младински прашања и политики

Дозволете да изразам задоволство што денес се наоѓаме тука на овој убав настан, кој што е всушност почеток на продолжението на една убава иницијатива која своите зачетоци ги има од 14 октомври 2017 година, кога беше формиран Клубот за младински прашања и политики во Собранието на Република Северна Македонија.
Прочитај повеќе
1...345      
Click