Обраќање на претседателот Џафери на примопредавањ...

Среда, 9 јуни 2021

Обраќање на претседателот Џафери на примопредавањето на донација од Народна Република Кина 

Драго ми е што денес сум тука во Битола, заедно со Вас и почитуваниот амбасадор на Народна Република Кина, Неговата Екселенција Жанг Ѕуо, да на свечен начин го одбележиме примопредавањето на оваа значајна донација, односно овие 82 таблет уреди за Вас драги деца, ученици на Општинското Основно Училиште „Крсте Петков Мисирков“ и подрачните училишта во Битола. 
Прочитај повеќе

Обраќање на претседателот Џафери на онлајн симула...

Четврток, 27 мај 2021

Обраќање на претседателот Џафери на онлајн симулацијата на тема „Подготовка за идна криза: Развивање поефективен систем за управување со кризи“

Ми претставува задоволство што денеска сме собрани на овој начин и во овој број со цел да разговараме и разработиме тема која е од исклучително големо значење за функционирањето на една држава и нејзиниот систем, притоа, водени од искуствата кои ни ги донесе 2020-та и дел од 2021-ва година.
Прочитај повеќе

Обраќање на претседателот Џафери на 142. Собрание...

Среда, 26 мај 2021 година

Обраќање на претседателот Џафери на 142. Собрание на Интерпарламентарната унија на генералното собрание на тема: „Надминување на пандемијата денес и градење подобро утре: улогата на парламентите“ 

Тоа што сме дел од Интерпарламентарната Унија е голема можност за нас да ги артикулираме тука заедно со сите колеги тешкотиите, да ги споделиме искуствата, да извлечеме добри примери и да ги примениме кај нас дома. 

Прочитај повеќе

Обраќање на претседателот Џафери на продолжувањет...

Четврток, 6 мај 2021 

Обраќање на претседателот Џафери на продолжувањето на Обуката за превод и толкување организирана од Агенцијата за примена на јазикот на РСМ

Имам чест и задоволство што денеска можам да ве поздравам во новите простории на Агенцијата за примена на јазикот на Република Северна Македонија, и тоа, на продолжувањето на следниот настан на оваа Агенција, која, ќе кажам со полна сигурност дека од мигот кога се официјализираше со закон нејзиното основање и почетокот со работа, го оправда своето постоење и продолжува и понатака, со енергија за восхит, да  ги спроведува потребните активности за почитување на законските одредби и уставните права и обврски на сите страни.
Прочитај повеќе

Обраќање на претседателот Џафери на 17. Конференц...

Четврток, 15 април 2021 година, Љубљана

Обраќање на претседателот Џафери на 17. Конференција на претседатели на парламенти на Јадранско-јонската иницијатива на тема „Кон дигитално општество – можности и ризици за помладата генерација што влегува на пазарот на трудот“

Оваа година, како и минатата 2020 година, кога се навршија полни 20 години од оформувањето на оваа иницијатива, фокусот е насочен кон подобрување на развојот и зајакнувањето на безбедноста на земјите во регионот, продлабочувањето на соработката помеѓу земјите членки, каде што и Република Северна Македонија има свој удел, како земја која е во процес на интеграција во Европската Унија.
Прочитај повеќе

Честитка од претседателот Џафери за една година о...

Понеделник, 29 март 2021 година

Честитка од претседателот Џафери за една година од нашето полноправното членство во НАТО

Почитувани граѓани,
Дoзволете денес, кога одбележуваме една година од нашето полноправно членство во Северно - атлантската договорна организација - НАТО, да изразам искрени честитки до Вас, до институциите на Република Северна Македонија, до сите минати влади и политички чинители, и секако, до актуелните политички гарнитури, без оглед дали се од власта или опозицијата, бидејќи секој од нив, во својот домен, ја даде својата поддршка и имаше удел во статусот што го имаме и уживаме денес, односно 30-та земја членка на најмоќниот воено-политички сојуз, безбеден чадор и чувар на безбедноста на нашите граѓани и на територијалниот интегритет на Република Северна Македонија.

Прочитај повеќе

Обраќање на претседателот Џафери на онлајн работи...

Петок, 5 март 2021

Обраќање на претседателот Џафери на онлајн работилницата на тема Детски Парламент

Верувам дека на сите вас ќе ви беше многу позабавно доколку бевме во можност да ве пречекаме и физички тука, во зградата на законодавниот дом, каде одблиску ќе можевте да видите и да се уверите и самите дека тоа што го гледате понекогаш на телевизија, всушност е вистинска реалност која се одвива толку блиску до вас, и е толку достапно до сите вас. 
Прочитај повеќе

Обраќање на претседателот Џафери на основањето и ...

Четврток, 11 февруари 2021

Обраќање на претседателот Џафери на основањето и промовирањето на Интерпартиската парламентарна група за поддршка на правата на Ромите, нивна инклузија и интеграција во Република Северна Македонија

Ми претставува чест и задоволство што денес присуствувам на основањето и промовирањето на Интерпартиската парламентарна група за правата на Ромите, нивна инклузија и интеграција во Република Северна Македонија, која е уште една неформална група во низата неформални групи што се основаа како продолжување на воспоставената практика со претходните парламентарни состави.
Прочитај повеќе

Обраќање на претседателот Џафери на Работниот сос...

Вторник, 2 февруари 2021

Обраќање на претседателот Џафери на Работниот состанок на Интерпартиската парламентарна група (ИППГ)

Дозволете да изразам задоволство што денес сме собрани тука во вака голем број пратеници, припадници на различните пратенички групи застапени во Собранието на Република Северна Македонија. Гледам колеги од власта, од опозицијата, поголеми, помали пратенички групи, со различни идеологии, различни програми, а сепак сите тука обединети и собрани за една единствена цел, односно, повторно да заживее и да продолжи ентузијазмот што владееше при донесувањето на Декларацијата за правото на политичко учество на граѓаните со попреченост, којашто е патоказот кој што треба да се следи за да се постигнат заедничките стандарди за остварување на политичкото учество на лицата со попреченост, како што е почитувањето на Конвенцијата за правата на лицата со попреченост, Пекиншката декларација и платформата за акција како и насоките од Општиот коментар бр. 6 за еднаквост и недискриминација и Општиот коментар број 3. за жените и девојчињата со попреченост, издаден од Комитетот за правата на лицата со попреченост на Обединетите нации.
Прочитај повеќе

Обраќање на претседателот Џафери на Работната сре...

Петок, 29 Јануари 2021

Обраќање на претседателот Џафери на Работната средба организирана од Државниот завод за статистика  

Задоволство ми е што денес, во присуство на претседателот Пендаровски, премиерот Заев, надлежните министри, претседателот на ЗЕЛС, г. Шилегов, директорот Симовски и сите други присутни, ја започнуваме оваа фаза од операцијата на официјалната статистика, Пописот на населението, домаќинствата и становите, односно, информирањето и охрабрувањето на граѓаните за важноста и за значајноста од нивното и вклучувањето на сите институции во успешното спроведување на пописот.
Прочитај повеќе
12345      
Click